Приватност

Согласно со одредбите на членовите 9 и 16 од Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на РСМ, бр. 42 од 16.2.2020 година),Друштвото за производство, трговија и услуги СЕРВИС ИЛЕ 2015 ДООЕЛ Скопје, ја донесе следната:

Политика за приватност на личните податоци на интернет страницaта на СЕРВИС ИЛЕ 2015 ДООЕЛ Скопје

www.redstore.mk

Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој КАР ЛИНЕ ДОО СКОПЈЕ ги обработува податоците на корисниците при посета на нејзината интернет страница  www.redstore.mk.

Со пристапот или со користењето на оваа апликација, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со сите услови на Политиката за приватност и со начините на користење на апликацијата.

Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој СЕРВИС ИЛЕ 2015 ДООЕЛ Скопје ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (понатаму:“корисник”) при посета на интернет страницата www.redstore.mk  (понатаму: ”интернет страница”).

Оваа Политика на приватност не се однесува ниту на лични податоци кои ги собираат други интернет страни, до кои пристапувате преку нашaтa интернет страна.

1.Собирање на лични податоци од корисник

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Лични податоци се податоци кои го идентификуваат крајниот корисник. Кога ќе се вклучите во некоја активност на интернет страница, како на пример креирање на профил, порачување производ може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас.

При посета на интернет страницата, СЕРВИС ИЛЕ 2015 ДООЕЛ Скопје ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:

  • податоци за контакт и за плаќање и основни кориснички информации вклучително име и презима, адреса (вклучувајќи и поштенски број), e-mail адреса, телефонски број, информации за бројот на кредитната картичка, рокот на истекување, код за авторизација;
  • вашите маркетиншки преференции вклучително и интереси / назначувања на маркетиншки листи, евиденција за дозволи или маркетиншки забелешки, податоци за интернет-страници;

Собраните лични податоци при користење на поединечната електронска услуга не се чуваат на интернет страната.

Кога ќе нарачате производ податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на Нашата банка. Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.

2.Податоци кои се собираат автоматски

Со секој поединечен пристап на нашата интернет страница, се врши собирање на податоци како што се: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на интернет страницата, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

На интернет страната се собираат и податоци со помош колачe (cookie) кои се запишуваат на Вашиот компјутер. Целите и начинот на користењето на колачето е согласно условите во Политиката за Користење на колачиња.

3.Начин на собирање на личните податоци

Начинот на собирање на личните податоци се одвива со директно доставување на податоците дадени од страна на корисникот на СЕРВИС ИЛЕ 2015 ДООЕЛ Скопје, при посета на продажните места на СЕРВИС ИЛЕ 2015 ДООЕЛ Скопје, односно со електронско внесување на личните податоци во рамки на корисничкиот профил при изготвувањето на online нарачки достапни на интернет страницата www.redstore.mk.

При on line продажба, СЕРВИС ИЛЕ 2015 ДООЕЛ Скопје нема пристап до податоците поврзани со Вашата платежна картичка или сметка во банка, бидејќи тие се испраќаат директно до сертифициран процесинг центар за трансакции со платежни картички и банката преку сигурносна врска.

  1. Регистрација

Преку интернет страницата www.redstore.mk можат да се купат производи кои се прикажани во online продавницата.

За да Ви биде овозможено купување на интернет страницата мора да бидете региструран корисник. Постапката за регистрација е многу едноставна и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци.

Со цел да ја започнете регистрацијата потребно е во горниот десен агол од интернет страницата да кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ, каде што ќе се отвараат полиња и треба да ги внесете Вашите податоци. Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ и на Вашата е-пошта ќе пристигне линк кој е потребно да го отворите, со што Вашата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжите со купувањето.

Дополнително, при самата регистрација вие имате можност да одберете дали сакате или не сакате да добивате дневни емаил известувања. Во било кое време можете да одберете да не добивате промотивни е-маил пораки од нас со следење на инструкциите кои се содржани во секој промотивен е-маил испратен од нас. Ако не сакате да добивате Промотивни Пораки, во секое време може да одберете да не примате промотивни пораки со притискање на “Регистација / НЕ” во вашата корисничка сметка.

5.За кои цели се користат собраните податоци и информации?

СЕРВИС ИЛЕ 2015 ДООЕЛ Скопје  ги обработува Вашите лични податоци за:

  • овозможување на online користење на нашите услуги и производи, со намера за подобрување на корисничкото искуство преку унапредување на квалитетот на услугата кон корисниците, односно поефикасно одговарање на Вашите барања и давање на потребната поддршка.
  • администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа.
  • навремено информирање на корисниците за своите производи, како и за сите акции и промоции на своите производи (директен маркетинг);
  • за реализација на online нарачките достапни на интернет страницата www.redstore.mk (навремена и точна испорака, наплата на цената за продадените артикли и цената на услугата);

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани.  Обработката на Вашите лични податоциСЕРВИС ИЛЕ 2015 ДООЕЛ Скопје ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.

Вработените во СЕРВИС ИЛЕ 2015 ДООЕЛ Скопје се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци), до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи.
СЕРВИС ИЛЕ 2015 ДООЕЛ Скопје применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.

  1. 6Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат преку електронска порака

Лични податоци кои ги прибираме се и оние кои Вие доброволно ги доставувате во случај на испраќање на електронска порака директно на нашата е-маил адреса оставена како контакт на интернет страницата.

Со испраќање на ваква електронска порака до нашите електронски адреси прибираме податок за Вашата:

  • е-маил адреса;
  • дополнително и други информации кои Вие доброволно сте ги споделиле со нас како содржина на електронската порака.

Ве замолуваме да не споделувате посебни категории на лични податоци, како лични податоци кои откриваат расно или етничко потекло, политички ставови, верски или филозофски убедувања или членство во синдикални организации, како и генетски податоци, биометриски податоци, податоци што се однесуваат на здравјето или податоци за сексуалниот живот или сексуалната ориентација.

7.Директен маркетинг

Вашите лични податоци може да ги користиме за да ви праќаме директни маркетиншки соопштенија за нашите производи и услуги или за нашите поврзани услуги, вклучително и нашите објавувања на најновите производи и на претстојните настани. Тоа може да биде во форма на е-пошта, постирање,Viber, SMS, телефонски или целни интернет-реклами. Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и ви праќаме соопштенија за кои сметаме дека ќе бидат интересни и релевантни за вас, врз основа на податоците што ги имаме за вас.

Вие имате право во секое време да прекинете да примате директен маркетинг. Тоа може да го направите следејќи ги линковите за исклучување на определена опција во електронските комуникации (како што се пораки преку е-пошта) или така што ќе контактирате со нас како наведено во дел 6. Исто така, Вашите лични податоци ги користиме за усогласување или за персонализирање на реклами, за понуди и содржини што ви се ставаат на располагање врз основа на вашето користење на нашите мобилни апликации, интернет-страници, платформи или услуги и за анализа на перформансите на тие реклами, понуди и содржини, како и на вашата интеракција со нив.

8.Правата на корисниците во однос на обработката на нивните лични податоци

Личните податоци коишто ги собира и обработува СЕРВИС ИЛЕ 2015 ДООЕЛ Скопје се дадени единствено за цели на директен маркетинг, за реализација на online нарачките, како и за останатите потреби, како што е наведено погоре. Во таа насока, секој корисник како субјект на лични податоци, согласно Законот за заштита на личните податоци, ги има следниве права:

  • да се информира од СЕРВИС ИЛЕ 2015 ДООЕЛ Скопје околу начинот на обработката на личните податоци вклучително дали личните податоци се користат според нивната цел;
  • да побара од СЕРВИС ИЛЕ 2015 ДООЕЛ Скопје да ги дополни, измени и/или ажурира ако неговите лични податоци се нецелосни, неточни, или неажурирани со поднесување на барање, пришто СЕРВИС ИЛЕ 2015 ДООЕЛ Скопје треба да постапи по истото во рок од 15 дена и да изврши исправка на личните податоци;
  • да побара од СЕРВИС ИЛЕ 2015 ДООЕЛ Скопје да ја ограничи обработката на личните податоци со соодветно означување на личните податоци коишто ќе се чуваат;
  • да побара од СЕРВИС ИЛЕ 2015 ДООЕЛ Скопје да ги избрише неговите/нејзините лични податоци, при што СЕРВИС ИЛЕ 2015 ДООЕЛ Скопје има обврска да ги избрише личните податоци во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за бришење, под услови предвидени во Законот за заштита на личните податоци;
  • да поднесе барање до СЕРВИС ИЛЕ 2015 ДООЕЛ Скопје со кое што ќе ја повлече согласноста дадена за цели на обработка на личните податоци;
  • да поднесе приговор до КАР ЛИНЕ ДОО СКОПЈЕ за начинот на обработката на неговите лични податоци дадени за цели на директен маркетинг пришто СЕРВИС ИЛЕ 2015 ДООЕЛ Скопје ќе ја запре натамошната обработка на личните податоци за таа цел; и
  • да се одјави/откаже од добивање на известувања/нотификации од СЕРВИС ИЛЕ 2015 ДООЕЛ Скопје на својот кориснички профил или на било која друга социјална мрежа односно да се одјави/откаже од добивање на известувања/нотификации за маркетинг, промоции и/или за акции на својот кориснички профил при изготвувањето на online нарачките, достапни на интернет страницата www.redstore.mk.

За остварување на овие права, може да не контактирате на следната мејл адреса: redstoremk@gmail.com, како и на контакт телефон: +389 72 578 555или можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци, контакт телефон: +389 72 578 555, или на следната е-маил адреса redstoremk@gmail.com.

9.Промена на политиката на приватност од Контролорот

Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страница, како и датумот на ажурирањето. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. На секој корисник паѓа одговорноста периодично да ја прегледа Политиката за приватност и да ги прочита нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страница, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.

10.Прифаќање на условите

Со користењето на интернет страницата www.redstore.mk, се согласувате со условите од Политиката за приватност на СЕРВИС ИЛЕ 2015 ДООЕЛ Скопје. Доколку не се согласувате, Ве молиме да не ја користите интернет страницата на СЕРВИС ИЛЕ 2015 ДООЕЛ Скопје.

Мојата кошничка
Изберете ги полињата сто ке се покажат,останатите ќе останат сокриени
  • Слика
  • SKU
  • Рејтинг
  • Цена
  • Залиха
  • Достапност
  • Додади во кошничка
  • Опис
  • Содржина
  • Тежина
  • димензии
  • Дополнителни информации
Кликнете надвор за да сокриете лентата за споредување
Споредете
Scroll to Top